Пет лица се удавија, а две се водат за исчезнати, откако огромни бранови погодија делови од Австралија

Пет лица се удавија, а две се водат за исчезнати, откако огромни бранови погодија делови од Австралија на почетокот на велигденскиот викенд, јави денеска Би-би-си.

Тело на маж беше пронајдено денеска во вода во близина на Татра во јужниот дел на Нов Јужен Велс, а вчера маж (58) и уште двајца мажи беа пронајдени мртви во одвоени инциденти.

Спасувачите трагаат по маж кој бил однесен во морето во близина на Сиднеј.

 

 

 

4news.mk