Пехчевски, кој има цистична фиброза: Јас не го добив лекот иако е тука, на клиниките

Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза, од болничкиот кревет во кој лежи реагира дека сè уште не го добил лекот „трикафта“.

Сè додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а камо ли за лекот „трикафта“. А, сега, кога лекот е тука, на клиниките, јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните – дали ние останатите ќе го добиеме лекот навреме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, вели Пехчевски.

извор: ФБ Игор Пехчевски