Пецаков:Континуирано реализираме проекти за подобрување на условите за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Континуирано реализираме проекти за подобрување на условите за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
За таа цел деновиве е набавена нова опрема за занималните. Опремата се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал.
Во текот на оваа година ќе бидат реализирани низа проекти за поставување на нови фасади на неколку објекти од градинката, нови подови, реконструкција на внатрешни ѕидови и набавка на нова опрема, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.