Григор Прличев е светилник на македонската преродба, кој и денес го осветлува патот на нашата култура и јазик. Со неговата заложба за афирмација на националната самобитност и љубовта кон татковината останува вечен симбол на Охрид и Македонија.
И оваа година, во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“, со низа културни настани ќе го чествуваме неговото големо дело и ќе се потсетиме на неговото литературно наследство.
Ве покануваме да бидете дел од свечената програма.
-пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.