Од народот за народот таму каде што е најпотребно. ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој се организира втора година по ред.
Од аконтација за учество се собраа средства во износ од 144 000 денари. Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба.
80 000 денари се донираат кај нашта сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување се потребни повисок износ. Тука упатувам апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни.
30 000 денари донираме на Здружението „Ретко е да си редок“ и
30 000 денари донираме на Здружението на деца со дијабет, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.