Екипи на ЈП „Водовод“ работат на втората фаза од поставувањето на нова водоводна линија на улица „Пирин планина“.
Втората фаза опфаќа поставување цефковод и приклучок на објектите на новата водоводна линија.
Цевководот е од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм со вкупна должина од 178 метри, се вели во објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков