Континуирано работиме на подобрување на условите за најмладите. Деновиве заврши иградбата на ново детско игралиште во дворот на училиштето „Живко Чинго“ во село Велгошти. Игралиштето е опремено со најсовремени реквизити за забава и гумирана подлога согласно безбедносните стандарди.
Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор:ФБ Кирил Пецаков