Сакам да ја изразам мојата благодарност најнапред до Вас мои сограѓани за секојдневната поддршка што ја добивам.
Исто така сакам да изразам благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за довербата што ја добив да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам.
Драги охриѓани,
Верувам дека довербата која ми ја дадовте во првиот мандат ја оправдав. Верувам дека преку секојдневната отворена комуникација со Вас успеавме да ги решиме поголем дел од проблемите кои со децении тлееа.
Успеавме од најзадолжена Локална самоуправа со посветена и домаќинска работа не само да ја раздолжиме, туку и да биде со позитивна финансиска сметка.
Реализираме капитални проекти кои се од суштествено значење за сите нас, ќе напоменам дел:








Општина Охрид продолжува по веќе трасираниот пат на промени. Заедно со Вас продолжуваме да ја градиме иднината.