Преку ефективни мерки обезбедуваме континуирана поддршката и ги подобруваме условите за развој на спортот. Во таа насока и оваа година од буџетот на Општина Охрид издвоивме средства за субвенционирање на трошоците за користење на спортски терени на Ј.П.,,Билјанини Извори”. Согласно Јавниот повик кој беше објавен во јануари, донесено е решение за доделување на средства, кои се наменети за спортските клубови, здруженија, спортски настани и манифестации, пишува во својата објава градначалникот Кирил Пецаков.
Пецаков: И оваа година од буџетот на општина Охрид издвоивме средства за субвенционирање на трошоците за користење на спортски терени на Ј.П.,,Билјанини Извори”
