Пецаков: Најдобар начин да валоризираш нечиј труд е преку изразување континуирана поддршка

Во таа насока се движи и нашата определба за поддршка на учениците и студентите од Охрид.
✅
Денеска се исплатени три рати од стипендиите кои по претходно распишан Конкурс, Општина Охрид ги предвиде за ученици од основно и средно образование, студенти и лица со посебни потреби и ретки болести од Охрид.
✅
На 137 основци им се исплатени по 4 500 денари или вкупно 616 500 денари.
✅
На 92- ца средношколци им се исплатени по 4 500 денари или вкупно 414 000 денари.
✅
За 15 студенти се исплатени вкупно 135 000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени вкупно 144 000 денари.
👉
Идниот месец е предвидено да се исплатат наредните три рати од средствата што Општина Охрид ги предвиде за овие категории лица.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.