Пецаков: Новиот пат значи побезбеден пристап на туристите од и кон Охрид и плажите долж ривиерава

Сакам да изразам огромно задоволство и бескрајна благодарност до Владата на Република Македонија и сите инволвирани служби што го реализираа капиталниот проект Реконструкција, проширување и уредување на делницата Охрид – Св. Наум.
Станува збор за еден од најзначајните проекти за Охрид како најголема туристичка дестинација во регионов. Искрено ви благодарам од мое лично и име на Охриѓани затоа што се реши еден од најгорливите инфраструктурни проблеми.
Реконструираната, проширена и партерно уредена делница Охрид – Св. Наум отвора нови хоризонти за Охридскиот туризам. Новиот пат значи побезбеден пристап на туристите од и кон Охрид и плажите долж ривиерава.
Македонија се гради, се инвестира и вложува таму каде што е најпотребно, речиси и нема делиница во земјава на која нема работна сила. Се гради како никогаш до сега, се исправаат грешки и се продолжува напред.