Голема е честа и гордоста што како градоначалник на Охрид имав можност да бидам дел од свечениот настан со кој се одбележаа осум децении од делувањето на Црвен Крст, Охрид.
Овој значаен јубилеј е доказ дека хуманоста е темел што не обединува. Бројни се волонтерите и активистите, кои низ годините го оставиле своето срце во секој гест на добрина. Со длабока почит се поклонуваме пред сите што ја испишаа оваа приказна. Пред оние кои биле пред нас, пред оние кои денес ја продолжуваат мисијата и пред сите што во иднина ќе го носат овој аманет.
Општина Охрид изразува искрена благодарност за долгогодишната плодна соработка со Црвениот Крст. Нашето партнерство е сведоштво за заедничката заложба, да обезбедниме помош онаму каде што е најпотребна.
Посакувам оваа јубилејна година биде поттик за уште повеќе добри дела, за уште посилна хуманост!
-пишива во својата објава градоначалникот Пецаков.