Општина Охрид аплицираше со 16 инфраструктурни проекти на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Обезбедувањето на подобри услови за живеење во сите урбани и рурални средини е наш приоритет и затоа продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните.
Подготвени се и аплицирани следните проекти:
• Катна Гаража
• Дебелополе-локален пат од село Горно Лакочереј до село Лескоец.
• Основен проект за линиски инфраструктурен објект-реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“ и Основен проект за осветлување.
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од ул. „Партизанска“.
• Основен Проект за Реконструкција на инфраструктурен линиски објект на дел од ул „7-ми Ноември“ до пресек со ул. „Егејска“ заедно со осветлување.
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од ул. „Кленоец“ и дел од ул. „Петрино“.
• Проект за употреба и одржување на урбан простор на парк простор на дел од кеј „Македонија“ (Холандски парк-кај споменикот на А Ден Долард)
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за Фекална и Атмосферска канализација (Влашка Mаала)
• Реконструкција на линиски инфраструктурен објект пат од кампа Љубаништа.
• Основен проект за линиски инфраструктурен објект-Реконструкција на потег дел од ул.„Петрино“ до пресек со ул.„Караорман“ во с. Лескоец.
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува селата Велгошти и Лескоец.
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфрструктурен објект, улици во населба „Бараки“.
• Проект за мониторинг и управување на водоснабдителен систем и изработка на ГИС податоци-SKADA
• Основен проект за линиска инфрструктура за примарна фекална канализација во село Долно Лакочереј-вон град и Охрид 4 (до приклучна шахта Алтанин мост)
• Реконструкција на линиски инфрструктурни објекти-локален пат за село Завој.
• Основен Проект за Реконструкција на линиски инфрструктурен објект-улица во село Долно Лакочереј (крак 2).
Вкупната вредност на проектите е 469.650.078 денари од нив 425.592.114 денари ќе бидат обезбедени од средствата на Јавниот повик, а 44.057.964 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Охрид.