Пецаков: Општина Охрид за Дарио Ивановски обезбеди 10 дневен престој во Охрид за припреми

Како Општина која го негува и во вистинска смисла на зборот го поддржува спортот и спортистите, на победникот на овогодинешното издание на Охрид трчаТ, покрај наградниот фонд кој го обезбеди организаторите, Општина Охрид на Дарио Ивановски му додели ваучер за 10 дневен престој во Охрид за припреми.
Нека овој мал придонес биде дополнителна мотивација за Дарио да го оствари најдобриот резултат на Олимписките игри во Париз, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков