Пецаков: Партерно го уредивме просторот што води кон извидничкиот центар во населба Даљан

Партерно го уредивме просторот, односно реализиравме тротоарска површина крај стариот пат за Струга на делот што води кон извидничкиот центар во населба Даљан.
Претходно во комуникација со жителите од оваа населба, местото беше детектирано како критична точка за движење на пешаци.
Вкупната површина изнесува околу 1000 метри квадратни, односно 510 метри должина и 2 метри ширина.
Средства за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков