Пецаков присуствуваше на двете научни конференции „INSCOSES 2022“ и „EERIA“ што се одржуваат на ФТУ

Денеска присуствував на отворањето на двете научни конференции „INSCOSES 2022“ и „EERIA“ што се одржуваат на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Туризмот е нашата стопанска гранка која целиме секогаш да ја усовршуваме и надополнуваме затоа што сме еден од најголемите туристички центри во државава и регионов. Научните сознанија се најмоќното оружје кое може да го промени Светот на подобро и токму затоа јас верувам дека овој настан на кој ќе се разменуваат ставови и искуства за Туризмот и Осигурувањето ќе бидат применети и во нашава високообразовна институција, а подоцна и во пракса.
На настаните учествуваат претставници од 20 Европски земји, а предавања од областа на туризмот и осигурувањето ќе одржат еминентни професори и научници од Светот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков