Во просториите на Општина Охрид, денес, беше промовирана збирката поезија која е создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид. Насловот на оваа книга е „Тие Доаѓаат“, а издавач е Општина Охрид.
Книгата е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта. Збирката вкупно брои 55 песни, од кои 43 се од основците, а 12 од средните училишта. Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Тиражот на изданието брои 200 книги, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во продолжение на објавата градоначалникот додава:
Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
Меѓу кориците на книгата расеани се никулците кои се фатиле во костец со јазикот, кои ќе продолжат да ја разгоруваат јазичната искра и ќе го развиорат духовниот оган на македонскиот јазик. Зошто како што ќе рече ценетиот Блаже Конески Јазикот е единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.
Авторите на прекрасните поетски творби се токму нашите паметни дечиња кои затропале на триумфалната порта на литературата, бидејќи влегувањето низ неа бара многу мака, обврски, откажувања, предизвици.
Инаку, ова е втора книга – „Тие Доаѓаат“, а првата беше објавенa во 2006 година.
извор: ФБ Кирил Пецаков