Секогаш кога народот ти дава доверба, чесно и коректно е да работиш во нивни интерес, а не да ја манипулираш нивната доверба. За жал советничката Виолета Аврамоска тоа погрешно го протолкувала. Како луѓе избрани од народот за да не ја манипулирате нивната доверба потребно е да се запознаете во целост со Законите на Република Македонија, правилниците, уредбите и постапките кои се водат во инститцуиите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Градоначалникот во објавата додава:
1. Поставувањето на Предлог-програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината е Законска обврска и таа се носи еднаш годишно. Значи поставувањето на оваа точка на дневен ред не е скандал и воедно тоа не значи дека програмата ќе се рализира во целост. Тоа претставува законска обврска на Локалната самоуправа.
2. Што се однесува на цената по метар квадратен, таа ја утврдува Владата на Република Македонија со Уредба за висина на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија. Во табеларниот приказ кој е во составен дел на Уредбата детално се прикажани ПОЧЕТНИТЕ цени на државното земјиште за отуѓување. Тоа значи дека Општина Охрид нема никаква надлежност за утврдување на цената на градежното земјиште.
3. Доколку советникот Ванчо Костоски, кој три месеци е со престој во Соединетите Американски Држави, сака да води дневна локална политика треба редовно да ги чита службените маилови, па така ќе видеше дека станува збор за техничка грешка на службите за кои веќе е испратена исправка и немаше да изнесува факти истересени од ракав.
Сакам да им порачам на охриѓани дека помина времето на криминално работење, задкулисни игри и раководење на јавните претпријатија со несоодветни дипломи. Можеби токму затоа се бурните реакции на одредени советници.
извор: ФБ Кирил Пецаков