Пејачот Немања Вуковиќ загина синоќа во страшна несреќа на автопатот Шид – Белград, јавуваат српските медиуми.
Според првичните информации, 22-годишниот пејач излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, како што се сомневаат, го напуштил возилото и почнал да поминува по автопатот кога во него удрил автобус кој сообраќал од правец на Бања Лука.
Немања пред несреќата објави видео на Instagram Story како слуша музика во автомобилот, а на видеото се гледа и автопатот каде го загуби животот.
index.hr