Поранешниот фудбалер Жерар Пике неодамна престојувал во Мајами, каде што живеат Милан и Саша, синовите кои ги добил со колумбиската пејачка, Шакира.
Тој се вратил во Шпанија за свадбата на неговиот брат, а гласините велат дека токму на овој настан тој ја официјализирал свршувачката со Клара Чиа (или ќе го направел тоа наскоро). „Пике и Клара планираат наскоро да се венчаат и внимателно го избираат датумот кога ќе ја објават својата свршувачка“, пишувале „Дејли меил“.
Можеби венчавката на Марко и Марија ќе биде увертира за следната свадба во семејството.
Познатиот спортист бил многу елегантен на венчавката, како и неговата девојка, но малку полежерно од својот партнер. Носела тесен фустан кој ја истакнувал нејзината фигура и делувало како да не носи градник под истиот. Летниот модел на облека не е воопшто лошо решение за свадби во најтоплиот период од годината, иако некогаш може да се смета дека е премногу опуштена варијанта.
Неговата мајка, Монсерат Бернабеу се одлучила за погламурозно издание, а зелениот фустан бил полн погодок. За Монесрат во минатото се пишувало многу и тоа најмногу поради нејзиниот однос со сега веќе поранешната снаа, Шакира.
Мајката на Пике не ја прифатила Шакира од самиот почеток на врската меѓу фудбалерот и пејачката, поради неколку причини: затоа што Шакира била 10 години постара од Жерар и затоа што не била од Каталонија, пишувале „La Critica“. Видеото на кое тие две се расправаат на улица, предизвикало голем број на коментари. Се шпекулирало дека поради Саша и Милан во одредени прилики „глумеле“ дека се согласуваат.
Потоа се дознало дека Шакира, која живеела во Шпанија веднаш до куќата на родителите на Пике, во еден момент ставила кукла од вештерка на терасата и ја свртела кон куќата на Монсерат Бернабеу, со јасна порака.
Пике (35), кој го носел и мајчиното презиме, сега веќе е во врска со 12 години помладата Клара – можеби поради тоа повеќе ќе ѝ се допадне на мајка му, а освен тоа идната снаа била од Шпанија. Ваквите работи не би требало да бидат важни, но се чинело дека тоа не било случајот и со Монсерат.
tocka.mk