Пиротехничките средства во дискотеката ги донел бендот ДНК, лицето задолжено за нивна употреба настрада во трагедијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција на која сподели детали за трагедијата во Кочани.

Како што вели, од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот.

„За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител“, додаде Тошковски.

Тој додаде дека на подрачје на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, а се обавуваат службени разговори, меѓу кои и поранешен министер.

 

 

4news.mk