Поранешниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан (69) и неговата сопруга Кили Шеј Смит (58) ја прославија 21-годишнината од бракот.
На социјалната мрежа актерот покажа фотографија од својата венчавка во 2021 година и со убави зборови и ја честиташе годишнината на сопругата.
– Среќна годишнина на мојата љубов Кили, танцувавме таа вечер и сè уште го танцуваме тој танц. Би можел да го направам тоа одново – напиша Броснан.
Кили ја сподели истата фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, пишувајќи „Среќна годишнина на мојата љубов“.
24sata.hr