Писмо напишано за време на последното патување на Титаник, во 1912 година, беше продадено на аукција за речиси 400.000 долари

Писмо напишано на 10 април 1912 година од патникот од прва класа Арчибалд Грејси е продадено на приватен колекционер во Соединетите држави, соопшти аукциската куќа Хенри Олдриџ и Синот од Вилтшир, Англија.
Сумата далеку ја надмина првичната проценета вредност од 60.000 фунти.
Во 1912 година, Титаник удри во санта мраз и потона, при што само околу 700 од околу 2.200 патници и членови на екипажот преживеаја. Потонатиот брод се наоѓа на околу 3,8 километри под површината.
slobodnaevropa.mk