Пластичен хирург посвоил две ќерки и на нив се учел да оперира

Пластичниот хирург Мајкл Никол посвоил две ќерки кои подоцна му станале редовни клиентки.

Она што ја вознемири јавноста е признанието дека помалата имала само 10 години која првпат ја легнал под нож, откако наводно му се пожалила дека не ѝ се допаѓа папокот.

Бритни сега е полнолетна и, како што вели, задоволна од сите естетски корекции кои во меѓувреме ги направила.

„Кога завршив средно училиште, уште следниот ден прифатив тато да ми ги зголеми градите. Сега со сестра ми сме совршени“, открива таа.

И Бритни и нејзината постара сестра Чарм ги имаат оперирано градите, носот, јаболкниците и задникот.

Иако пластичната хирургија им станала секојдневие, нивната мајка била против операциите, особено на почетокот.

„Погрешно е да им се дозволува на децата да оперираат се’ што не им се допаѓа на себе. Се плашам да не станат зависни од пластика“, искрена е Пени.

Очекувано, нивниот татко има сосема поинакво мислење и не чувствува никаква одговорност за тоа што посвоените ќерки сега за секоја ситница легнуваат во операциона сала.

mastilo.mk