Основното јавно обвинителство побарало 30 дневен притвор за екс министерот за економија Крешник Бектеши, објави 24Инфо.
Според нивни информации, побаран притвор има и за поранешната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и раководителот Беким Хаџиу.
Ваква мерка, претходно, беше побарана и изречена само за седуммина полициски службеници кои се осомничени по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Вечерва во суд беа донесени и уапсените тројца градоначалници на Кочани.
4news.mk