Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.04.2022) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а ст.4 од Кривичен законик. Од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази. Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело.
Related Posts
Синоќа по полноќ тешка сообраќајка во Гостивар, повредени три лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа по полноќ во Гостивар, во која повредени биле три лица и веднаш биле хоспитализирани.…
Фрчовски ќе биде отповикан поради финансиски малверзации?
Поради финансиски малверзации и непостапување по добиени насоки од страна на МНР, Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на…
АРМ домаќин на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите во Охрид
Конференцијата ќе ја отвори началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а обраќање ќе имаат претседателот…