Повторно истекува лава од вулканот Етна во Италија

Вулканот Етна на островот Сицилија, висок приближно 3.300 метри, најголем вулкан во Италија, почна повторно да исфрла лава, известува Анадолу.

Според информациите што ги доби дописникот на АА од локални извори, вчеравечер повторно почнала да истекува лавата од пукнатината што се формираше на јужната падина на кратерот Бока Нуова (Нова уста) на вулканот формиран на 8 февруари.

Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) со медиумите ја сподели информацијата дека покрај истекувањето лава од вулканот, има и слаба активност на исфрлање пепел.

Во другите вести што ги објавија италијанските медиуми се наведува дека воздушниот сообраќај не бил негативно засегнат од вулканската активност на Етна и дека меѓународниот аеродром Винченцо Белини во Катанија, во близина на вулканот, е отворен за воздушен сообраќај.

Вулкански активности, како што се истекување лава, пепел и ерупција на лава кај вулканот се забележуваат од 8 февруари.

Вулкански активности, како што се интензивни ерупции со исфрлање пепел и лава, беа забележани изминатото лето 2024 година на планината Етна. Овој вулкан наедно е највисок активен вулкан во континентална Европа.

 

извор:АНАДОЛИЈА