Нема повредени лица во настанот во кој падна кран од зграда во изградба во Кавадарци. Информацијата ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес кој додава дека причинета е само материјална штета.
Според него, се работи за истата зграда, каде што пред извесен период исто така падна кран, а тогаш загинаа две лица.