Повторно поплавени улици во Тетово по силното невреме

Околу пладне во Тетово триесетина минути имаше силно невреме со интензивен дожд и град. Досега нема пријавено за поголеми проблеми, а граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства со поплавени улици поради водата која се собира на коловозната лента и не може бргу да навлезе во атмосферската канализација.

Во селото Фалише имаше и поголема покривка од град.

 

sitel.mk