Масимо Савиќ е погребан денеска на градските гробишта Задар. На гробиштата пристигнаа бројни пријатели и обожаватели кои сакаа да се простат од починатиот пејач, а пристигнаа и бројни букети цвеќе и венци со проштални пораки.
Меѓу првите што пристигнаа на гробиштата беа Рада Бориќ и Марина Томашевиќ, а потоа Џулијано, Џибони и семејството Хуљиќ.
Сите тие се запишаа во книгата на жалост.
Сопругата Ени и ќерката Мирна беа придружувани од вереникот на Мирна, Игор Павловиќ со кој требаше да се венчаат за Нова година, а Масимо да им пее на пославата. Венчавката беше одложена.
-Денес ние тројца требаше вака да стоиме прегрнати, но пред матичарот. Тато планираше да не’ изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од животот обидувајќи се да и простам на вселената за обаа болка, напиша таа во саботата.