Поднесена е иницијатива за смена на Перо Антиќ

Наскоро ќе дојде крајот на владеењето на Перо Антиќ во македонската кошарка откако 37 клубови поднесоа иницијатива за свикување на Вонредно собрание.

На местото на Перо Антиќ би бил избран поранешниот репрезентативец, Младен Ѓуроски кој денеска лично достави барање за свикување на вонредно изборно собрание со поддршка од 37 клубови.

Потребниот минимум за свикување на вонредно собрание е 11 потписи, па бројката од 37 само ја покажува поддршката која ја има Ѓуроски односно која веќе ја нема Антиќ.

Кон крајот на минатата година беше гласана недоверба на Антиќ, но тој успеа поради правни околности да се задржи уште некој месец на функцијата. Сега правните работи кои го држеа се елиминирани, па се очекува Кошаркарската федерација наскоро да добие нов претседател.

Антиќ и неговите соработници сега мораат во рок од 14 дена да свикаат ново собрание на кое ќе се гласа за негова смена. Ако тоа не го стори во предвидениот рок, иницијаторите имаат право сами да свикаат и да одржат собрание.

извор:МКД.МК