Подолг период ќе имаме обилни врнежи, грмежи, и невреме!

Под влијание на силен циклонски систем со центар југозападно и јужно од нас, следува подолг период на многу променливо и нестабилно време со чести повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец ( повремено и локално со брзина до, па  и над 60 км/час). На повеќе места врнежите ќе бидат обилни и поројни (над 20/30 литри воден талог, а локално ќе наврнат и над 50 литри воден талог).

Од четврток (27 март) Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни локално во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град, додека од петок (28 март) врнежите на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе преминуваат во снег.

И во Скопскиот регион следува подолг период на променливо и врнежливо време, односно, со честа појава на повремени врнежи од дожд, кои од четврток (27 март) ќе бидат пообилни и поројни, во делови од котлината можни се поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени, што значи дека ќе бидат релативно високи, поради јужното и југозападното воздушно струење.

Да напоменам дека, поради јужното и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Република Македонија се врши транспорт на прашина  и на песок, па така и дождот кој ќе врне ќе биде помешан со истата и ќе биде обоен со истата, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk