Со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, според досегашните информации на Центарот за управување со кризи.
Оттаму информираат дека дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро.
Огнотз а сега има зафатено само една стара куќа на перферија од селото, а пожарникарите ја гасат.
извор: ЦУК
фото: ЦУК