Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари беа ангажирани во пожарот во Сомерсет Хаус во центарот на Лондон во саботата, соопшти лондонската противпожарна бригада, јавува Ројтерс.
Сомерсет Хаус, кој се наоѓа на брегот на реката Темза, датира од 1547 година. Некогаш била кралска палата, а сега е културен центар.
„Причината за пожарот се уште не е позната“, се вели во соопштението на бригадата.
slobodnaevropa.mk