Пожар кај Смилковското езеро

Граѓаните на Скопје , особено од Општина Бутел, Гази Баба и Аеродром се загрижени поради појава на оган кој се гледа од далеку. Според Центарот за управување со кризи кои ги контактираше Градска редакција има појава на оган околу Смилковското езеро,  гори  сува трева.

„Гори сува трева и ниска вегетација, а изгледа како да гори внатре во фабриката Железара. Добивавме многу пријави, изгледа како да е нешто страшно но земени се сите мерки„ вели за градска.мк  директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов.

Тој вели дека се очекува  да добијат и други пријавувања од граѓани бидејќи има пожар и во планините на скопска Црна гора која ќе се гледа од Скопје, ќе изгледа како да страшно но и таму се земени сите мерки.

 

gradka.mk