Покрената истрага во Загреб за сомнителни трансплантации на бубрези во КБЦ

Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година.

Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово и двајцата лица со понизок социјален статус, за приматели пациенти од Хрватска.

„Предметот за кој е покрената истрага прво е предаден на Хрватската лекарска комора поради прекршување на Кодексот за лекарска етика, а потоа и на Државното правобранителство,“ се вели во соопштението на Министерството.

 

Радио Слободна Европа