Во Нови Сад, административниот центар на северната српска покраина Војводина, денеска беа покренати обвиненија против 13 лица поради уривање на настрешница на железничката станица во ноември годинава.
Меѓу обвинетите се и поранешниот министер за градежништво и транспорт на Србија, Горан Весиќ и неговата тогашна помошничка министерка Анита Димоски, како и поранешните генерални директори на компанијата „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан.
Обвинението против нив е поднесено поради основано сомнение за сторено кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност.
Обвинителниот акт, заедно со истражните документи и докази, било доставено до Вишиот суд во градот Нови Сад, соопшти во понеделникот Вишото обвинителството во северниот српски град.
За сите обвинети кои не се во притвор, како Горан Весиќ и Јелена Танасковиќ е предложен притвор, а за останатите кои се во притвор беше предложено негово продолжување.
На 1 ноември годинава се урна настрешницата на неодамна реновираната главна железничка станица во Нови Сад. 14 лица загинаа веднаш, едно повредено лице почина подоцна во болница.
По несреќата, во Србија со денови се одржуваатжестоки протести. Демонстрантите, во прв ред студентите и средношколците, постојано бараа да не се дозволи одговорните за катастрофата да останат неказнети. Неодамна, на 22 декември на белградскиот плоштад Славија се оддржа најголемиот протест досега на кој учествуваа околу 100 илјади демонстранти.
Горан Весиќ поднесе оставка на 4 ноември, но негира каква било одговорност за несреќата. Политичарот беше пуштен од притвор на крајот на ноември по нешто помалку од една недела во минати во исражен затвор по налог на судот, исто како и поранешната директорка за железничка инфраструктура, Јелена Танасковиќ.
DW