Поларен бран кој носи ниски температури со силен ветар и снег доаѓа кон Балканот и Македонија

Веќе е се посигурно, а тоа е дека почнувајќи од 14/15 февруари (сега) од Арктикот, према Балканот, вклучувајќи ја  и нашата Република Македонија пристигнува сериозен поларен бран, и тоа директно од Арктикот  и од Русија и истиот ќе услови екстремно ниски температури на воздухот, како и локални врнежи од снег, проследени со повремено засилен, до силен ветер од северен и од североисточен правец.

Следува најново ажурирање на прогностичките материјали, со што и следуваат најнови информации токму околу овој изразен поларен бран кој доаѓа на Балканот, секако и во нашата Република Македонија, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk