(ФОТО) Политичар од Србија објави фотографии од возилото со кое беше киднапирана Вања

Политичар од Србија објави фотографии од возилото со кое беше киднапирана убиената скопјанка Вања Ѓорчевска.

Извесен Срѓан Ного за утре најавува и видео материјал.

Фотографијата која е извадена од снимката од безбедносна камера, според датумот на неа, е направена утрината кога Вања е киднапирана, на 27 ноември во 07:34 часот.

На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панче Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишев, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видески од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, пишува Ного на социјалната мрежа Твитер.

fokus.mk