Во текот на вчерашната вечер, по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.
Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот, соопштија оттаму.
фото: Архива