Полицијата го ослободи приведениот за заканите со бомбите во средните скопски училишта

Полицијата го ослободи приведениот за заканите со бомбите во средните скопски училишта. Станува збор за активист кој работи на платформата conservative.mk.

Од МВР утринава информираа дека со лицето е извршен службен разговор , и во координација со јавното обвинителство извршен е пртетрес во неговиот дом , одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот .

На фејсбук страната на консерватив мк стои дека осомничениот во врска со анонимните закани за поставени бомби во скопски средни училишта е нивни активист, кој на веб-страницата е наведен и како уредник. Според нив, тој нема никаква врска со овој случај.

,,Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица!. Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани,пишува во објавата,,

Според описот на веб-страницата conservative.mk, таа претставува „платформа и движење базирано на идеолошки и аналитички центар која во себе спојува граѓански активисти чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации“.

фото: Архива