Полска: Кафуле во Краков им овозможува на гостите да се дружат со мачки

Кафулињата се често место за средби и дружење на луѓето. Сепак, угостителски објект во Краков, Полска, на гостите им овозможува да се дружат со животни додека уживаат во шолја топол напиток, известува Агенција Анадолија (АА).

„Cat Cafe Kociarnia“ им овозможува на љубителите на мачки да се дружат со нив.

Неодамна полскиот Институт за заштита на природата, ги нарече домашните мачки „инвазивен странски вид“ поради штетата што им ја прават на птиците и на другите животни. Љубителите на мачки и активистите за заштита на правата на животните остро се спротивставија на оваа одлука, а реакциите ги преплавија социјалните мрежи.

Војчех Соларц, биолог од полската Академија на науките, наведува дека мачките годишно во Полска усмртуваат околу 140 милиони птици.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).