Полската министерка за клима и животна средина, Ана Москва, во интервју за „Бизнис Алерт“, соопштува дека Полска престанала да испорачува гориво на Украина бесплатно и сега тоа го прави за пари.
На почетокот го дававме ова гориво бесплатно. Во моментов станува збор за комерцијални испораки.
Ги спроведуваме редовно, одржувајќи го приоритетот на испораките на полскиот пазар.
Компаниите за гориво во Украина се справуваат. Нашите испораки се одговор на кризата, но овој сектор е добро организиран, така што таму има пазарен потенцијал – вели Москва.
извор: Република
фото: Архива