Метеопрогнозерот Славчо Попоски кој редовно ја следи временската прогноза во својата катка објава на социјалните мрежи тој најавува дека пеколните горешнити од над 40 степени се веќе минато.
Продолжува стабилното, суво и претежно сончево време во Македонија, само во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сепак утринските температури ќе бидат многу пониски од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, но утре изутрина во Малешевијата таа ќе се спушти и под 10 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст, но тие нема да бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.
Исто така тој најавува дека месец август веќе го носи и крајот на летото. Како што вели многу повеќе ќе има во деновиве кои престојат во неговата следна најава за метеопогнозата во Македонија.
View this post on Instagram