Поплави во Приедор – стотици згради под вода, пожарникарите ги евакуираа граѓаните

Како последица на синоќешните обилни врнежи од дожд во Приедор, повеќе од 350 станбени и помошни објекти се поплавени, известува Анадолу.

Во Приедор е воведена вонредна состојба за заштита од поплави.

Градската управа соопшти дека пожарникарите спровеле 12 операции за евакуација.

Нивото на водата на Сана и Гомјеница во текот на ноќта порасна и реките се излеаа од коритата и поплавија поширок простор.

Поради проблемите предизвикани од поплавата, исклучена е струјата во дел од поплавените населби Тукови и Гомјеница.

Нивото на водата на Сана во текот на ноќта изнесуваше 512 сантиметри, а во моментов е 508 сантиметри и има тенденција на опаѓање, но и понатака е многу над границата за вонредна одбрана од поплави (460 см).

Како последица на обилните врнежи во изминатите неколку дена, се зголеми нивото на реките и имаше поплави низ цела БиХ, вклучително и долините на Босна и Врбас.

 

извор: АНАДОЛИЈА