Предложените измени на Законот за студентски оброк, кои уште во вторник ќе се најдат пред пратениците, предвидуваат субвенциониран студентски оброк да добијат и пост-дипломците, како и студентите на интегрирани студии на државните и приватните универзитети низ Македонија.Ова е јасен индикатор дека студентите ни се приоритет. Дека поддршката за најмладите не е само декларативна, правиме значајни чекори напред кон подобар студентски стандард, oбјави денеска Сергеј Попов.

Ова е само мал дел од нашите заложби за студентите, средношколците и младите во Македонија.Годинава од државниот буџет издвојуваме дополнителни 30 милиони евра за младите. Дел од овие пари се за на оваа група граѓани да им помогнеме да купат електронски уреди. За оваа цел ќе бидат поделени ваучери од по 250 евра, за набавка на телефони, компјутери и таблети, без кои во денешно време, тешко е да си студент ако ги немаш.
Издвојуваме и 10 милиони евра за да ги поддржиме и младите со претприемнички дух. Лицата до 29 години ќе може да аплицираат за финансиска поддршка до 30.000 евра. Средства со кои младите ќе можат своите бизнис идеи да ги претворат во успешни бизнис приказни.
Со овие, но и многу други различни мерки и проекти, работиме заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого.