Поради лошите временски услови одложена потрагата по лицето што утрово скокна во Вардар

Потрагата по лицето што скокна во Вардар ќе продолжи утре.
Нуркачи од МВР и единицата Тигар утре ќе продолжат да трагаат по лицето кое утрово скокна од Вардар, соопшија од Центарот за управување со кризи.

Оттаму појаснуваат дека потрагата е прекината поради лошите временски услови, а нуркачи заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување ќе продолжат да трагаат по лицето рано наутро.

Досега нуркачите го минале потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче.

извор: Канал 5