Поради насилство во училиштата, наставниците во Србија ја прекинуваат наставата

Тие најавија прекин на наставата на 1 декември, а министерот за образование Бранко Ружиќ најави до 20 декември нови мерки против насилството, јави дописникот на МИА од Белград. Веќе имаше насилство меѓу ученици, но и насилство врз професори. 20 декември е краен рок за да се утврдат недостатоците и да се предложат промени во досегашната пракса за системот да биде поефикасен.

„Работна група ќе ги собере сите релевантни актери: еминентни експерти во борбата против насилството, психолози и педагози со долгогодишно работно искуство во училишната и клиничката пракса, претставници на ресорното Министерство, образовни синдикати, здруженија на родители“, изјави Ружиќ за „Политика“.

Врсничко насилство имаше во Врање, а во Трестеник ученици турнаа столче на професорка, по што таа падна. Училиштето потоа ги избрка учениците, а можно е и да одговараат на суд. Потоа имаше и наставници од други градови кои се жалеа на слични проблеми.

 

 

faktor.mk