Од 18:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид, кај с.Малковец, поради одрон на карпа, сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. На самото место се излезени УПС од БПС-Кичево.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини.
Од вторник, па во следните шест месеци регионалниот пат Струга – Дебар ќе биде целосно затворан за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот, поради градежни активности за санација на свлечишта на кај селата Глобочица и Луково.