Поранешната шпионка на Путин: Ги поминав специјалните секс тренинзи на КГБ и можам од мажите да ги извлечам сите тајни

Рускиот ПР агент Алија Роза (37) е родена во Советскиот Сојуз, а кога имала само 18  години влегла во воената академија каде, неколку години била обучувана како шпион.

Таа откри дека во раните дваесетти години била испратена во мисија да ги тренира нарко-бандите и трговците со луѓе пред да биде прогонувана и да мора да избега од земјата.

-Кога имав 18 години ме испратија на воената акдемија каде што ги учев сите специјални техники. На тој тренинг не научија како да заведуваме, манипулираме, убедуваме луѓе, како да пукаме од различно оружје, како да вежбаме боречки вештини и како да бидеме совршен војник на теренот. Отидов на воена академија поради моето семејно потекло. Дедо ми е национален херој од Втората светска војна, а неговото име е напишано дури и на споменик во Сталинград. Значи тоа е голема работа за нашето семејство. Тоа е големо наследство. Таму студирав и бев во неколку мисии да ги заштитам луѓето и земјата од дрогата увезена од Авганстан, но и да ја стопирам трговијата со луѓе во Русија, изјавила Алина за The Sun.

 

повеќе на линкот ТУКА